
Офанзивниот играч од средниот ред Давид Калпачки останува верен на Брегалница, откако тој го продолжи договорот со штипска Брегалница.
Тој вчера стави потпис на нов договор со „сините“ предводени од Трајче Сенев, што значи дека 24-годишниот фудбалер од Берово и во новата сезона ќе го носи дресот на Брегалница, а со тоа ја засилува конкуренцијата за место во стартниот состав.
Калпачки во Бреганица пристигна од редовите на Скопје, а претходно настапуваше во словенска Крка, додека пак на домашната сцена го носеше дресот и на Беласица и Хоризонт Турново.
Брегалница заминува на подготовки во Пехчево, а за новата сезона најавува експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет