
Голема заработувачка, но и голема главоболка е да се одгледува праска затоа што многу брзо се расипува вели Ванчо Јованов кој повеќе години произведува. Вели дека за да се има убава и сочна праска мноу е важно да се има дпбра почва и често наводнување.Тој дрвата со праска ги одгледува во штипска Чардаклија и секој петок на пазарот нуди вкусни и сочни производи.
Праската ја одгледуваме повеќе години, сака добра почва и бара наводнување, што е најважно, првите години праската дава мали приноси, меѓутоа третата година праската е супер. Има повеќе видови праска, имаме гола праска , нехтерина, обична праска и имаме есенска праска, таа покасно стасува некаде околу месец октомври. Мислам дека таа е една и од најдобрите праски.
Јованов дециден дека за да се одглкедува праска треба да се насади уште во есен, но со добра почва, посочи дека ситацијата со преските е специфична за време на зима кога треба да се внимава со количината на вода кјоја се наводнува за да не дојде до замрзнување, затоа што исходот би бил лош. За време на пролетта важно е кроењето, затоа што праската не треба да пушти гранки од страната, треба да оди во насока како кошница.
Тие треба да се насдат на садниците есента, почвата да е добро, откако се насадат да има полевање на вода, а преку зима малку се по карактеристични, не треба многу да се вадат бидејќи да не дојде до замрзнување, затоа што кај нас времињата се променливи. Потоа пролетта ќе треба кроење, на праската не треба да и се дозволи да пушта гранки на лева или десна страна, треба да се оди како кошница.
Дециден дека праската првите две години носи мали приноси, ама веќе третата година праската е многу добра. На пазарот се нуди голем избор на праски периодов е нехтеринса или кај народот позната како гола праска има и обична праска. Јованов посочи дека има и есенска праска која стасува некаде околу месец октомври.
Од праската е голема заработувачката, меѓутоа е голема и главоболката, истата многу брзо се капе, многу тешко се сочувува. Треба за неа специјален ладилник каде што ќе треба да се чува.
Праската е одличен прочистувач на цревата, придонесува за подобро варење, а истовремено е и добар лаксатив и диуретик.Праската е богата со шеќер, каротин, овошни киселини, протеини, скроб, минерални состојки, витамини А, Б, Ц и железо.
Поради сите нејзини придобивки, таа има широка примена во народната медицина.
Лаура Стојанова, М-Нет