
Денес православната црква го чествува празникот посветен на Светата маченичка Недела. Овој празник секогаш се празнува на иста дата, а секоја година го менува денот. Многу од христијаните знаат да го помешат празникот Св. Недела со ден Недела, што според христијанската вера неделата е само ден во кој се означува Христово воскресение. Денешното чествување на празникот не подсетува на нејзината љубов, непоколеблива вера и надеж дека ако за Христа и умре ќе живее со споменот на луѓето и вечното Царство Божјо. Таа пострада чесно со многу страдање и мака, со разни казни и злочини од страна на тогашниот цар. Таа беше предадена на џечатите да ја погубат, ама тогаш Бог ја спаси со нејзиното упокојување и се пресели вечно во радоста на својот Господ на 20 јули 289 тата година. Св. Недела, благочестива христијанка и по нејзината кончина, продолжи да живее на земјата кај сите што го честат нејзиното име и го почитуваат нејзиниот спомен. Таа е закрилница и молитвеница пред Бога за сите оние што ќе ја побарат нејзината помош.
Лаура Стојанова, М-Нет