Исчезнал 38-годишен работник од Непал со престој во Пехчево

На 16.07.2024 во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.