
Два пожари за само четири дена регистрирани на градските гробишта во Штип. На дневни темепратури над 40 степени, во ситуација кога неколку дена по ред гори на планината Серта во штипско и неготинско, и пристигање помош од соседните земји, помалку од потребно е нов пожар од човечко невнимание. Од утринава екипи на ЈП Исар заедно со ТППЕ Штип гасеа пожар на гробиштата. Токму затоа и апелираат до граѓаните да бидат крајно претпазливи и да внимаваат со цел да не се подметне пожар од мало невнимание и со тоа да се отежни работата на пожарникарите, но и да се создадат материјални штети.
„ЈП „ИСАР“ апелира до граѓаните кои во овие моменти одат на гробишта да бидат крајно одговорни и внимателни и да не оставаат лесно запаливи материи. Ова значи да не оставаат отпушоци од цигари по тревата, доколку палат свеќи да ги остават да горат во нивно присуство и да не ги фрлаат по тревата. Ова е со цел да им ја олесниме работата на пожарникарите кои макторпно и дење и ноќе работат на терен.“ – апелираат од ЈП Исар.
Апел се упатува и од ТППЕ Штип, од каде велат дека пожарите кои веќе беснеат во државата се од големи размери и доста опасни. Да не се повторува сликата од пертходните години, да бидеме внимателни и одговорни советуваат од штипската противпожарна единица.
Моментално пламените јазици во село Драгоево се намалуваат но и понатаму ризично место останува Воениот полигон каде што се наоѓа неиуспкана муниција. Попмош за гасење на пожарот од воздух пристигаат од Турција, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора.
Лаура Стојанова, М-Нет