Овче Поле СУ се засили со Татјана Блажевска

Екипата на Овче Поле СУ за новата сезона од женската ракометна лига го претстави првото летно засилување. Станува збор за левото крило Татјана Блажевска, која во Свети Николе доаѓа од редовите на Шампиион, а која може да покрие и на левата бековска позиција.

По заминувањето на пет ракометарки од суперлигашот од Свети Николе, екипата предводена од Илија Бетувски го доби првото засилување, а во следниот период ќе следуваат и останатите засилувања кои ќе треба да бидат промовирани во Свети Николе.

Овче Поле СУ досега остана без Конева која го засили битолски Пелистер, а во пакет од Овче Поле СУ во штипски Астибо заминаа Вучевска, Павловска, Сентовска и Манева.

Минатата сезона Овче Поле СУ заврши на 11. место на табелата во Суперлигата со 19 бодови на своето конто и скор од само пет победи, четири ремија и 17 порази од 26 одиграни натпревари. Изминатата сезона зад Овче Поле СУ завршија само екипите на Астибо, Шампион и Гевгелија.

Александар Ванев, М-Нет