Вечерва започнува 24. издание од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија

Вечерва започнува 24. издание од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија, а на овогодишеното издание учество ќе земаат 20 екипи.

Турнирот ќе биде отворен вечерва во 21 часот со натпреварот меѓу Чардаклија и Пиљара Фреш Фруит во чест на трагично загинатиот Влатко Петров во воениот конфликт во 2001 година.

Учество ќе земат 20 екипи, кои ќе бидат поделени во четири групи по пет екипи.

Големото финале од овој турнир традицијално се одигрува на 2. август, а финалниот меч оваа година ќе стартува во 21:30 часот.

Првопласираната екипа оваа година ќе добие 130.000 денари парична награда, а предвидени се награди за најдобар стрелец и најдобар голман.

Интересот за овој турнир е голем, па на овогодинешното 24. издание доаѓаат екипи и од други градови од Македонија.

Вечерва ќе бидат одиграни два натпревари, а од утре па до крајот на групната фаза секоја вечер ќе се одигруваат по три натпревари. Финалето е закажано за 2. август.

Александар Ванев, М-Нет