Штипјанецот Методи Георгиев со личен рекорд и четврто место на Меѓународен пливачки митинг на „Montenegro Open 2024“

Уште еден голем успех за штипскиот пливач Методи Георгиев кој учествуваше на Меѓународниот пливачки митинг „Montenegro Open 2024“ во Подгорица, Црна Гора, каде постави личен рекорд на 200 метри делфин и го освои високото четврто место.

На Меѓународниот пливачки митинг во Подгорица, Црна Гора, учество земаа 420 плувачи од Албанија, Азербејџан, Косово, Босна и Херцеговина, Полкс,а Србија, Словенија, дел од репрезентацијата на Турција, Германија, Соединети Американски Држави, Црна Гора и Македонија.

За Георгиев ова е одличен успех, со оглед на тоа дека на овој Меѓународен пливачки митинг конкуренцијата беше голема, а дополнително добива на тежина со оглед на фактот што учество земаа пливачи од големи и силни репрезентации.

Георгиев претходно во изјава за телевизија М Нет го најави учеството на „Montenegro Open 2024“, откако претходно учествуваше на Меѓународен пливачки митинг во Босна и Херцеговина, каде го осови сребрениот медал.

Александар Ванев, М-Нет