
Од СВР Штип дознаваме дека вчера попладне штипјанец со иницијали А.Г. во полициската станица пријавил физички напад.
Имено, во 16 и 40 часот А.Г. пријавил дека половина час претходно, додека се превезувал со своето патничко возило марка „Киа“ на улицата „Радански пат“ бил физички нападнат од С.Д.
Од штипската полициска станица известуваат дека соодветен поднесок ќе биде поднесен откако целосно ќе биде документиран случајот.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк