
Околу 70 студиски програми на 12 факултети и три уметнички академии со повеќе од 3983 слободни места нуди УГД Штип. Првиот уписен рок е од 20 до 23 август, а од 5 август може да се достават документите со што средношколците имаат можност да го проолжат своето високо образование. Студиските програми се веќе достапни на интерент порталот на УГД.
„Трите уписни рока се прв уписен рок од 20 до 23 август, вториот уписен рок е од 5 до 6 септември, а третиот уписен рок е 18 и 19 септември.“ – вели Џидров.
И оваа година универзитетот ги помага средношколците со голем број на ослободувања од партиципација. Во зависност од факултетот е и бројката на студенти кои ќе бидат ослободени од партиципација.
„По факултети, на факултетот по медицински науки ќе се наградат 40 најдобри кандидати и тоа по 20 на општа медицина, 10 на фармација и 10 на дентална медицина. На земјоделски факултет ќе бидат наградени 20 студенти, економски, првен и туризам и бизнис логистика по 20 студенти, електро технички, машински, техничко технолошки по 10 најдобри студенти.“ – додава Џидров.
Над илјада слободни места има и за студентите од втор и трет студиски циклус. Пријавувањето ќе биде по електронски пат со електронска пријава, а потоа се поднесуваат документите физички. Рокот за запишување на втор и трет студиски циклус е од 20 август до 18 октомври, а наставата започнува од 1 ноември.
Праксата од годините наназад покажува дека најголема заинтересираност за прв, втор и трет студиски циклус има кај медицинските науки.
Лаура Стојанова М-Нет