За првпат со свечена манифестација матурантите од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип ги добија своите дипломи

Со свечена манифестација матурантите од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип денес ги добија своите дипломи. Директорот на училишетето Горан Кавраков вели дека по иницијатива на професорите и учениците се одлучиле на поинаков начин да ги доделат дипломите на годинашните матуранти. За првапат свеченото доделување на дипломите денес се реализираше во училиштето со покана до учениците и родителите. Инкау на самата манифестација настапуваа и професорите од училиштето со интересни музички точки. Ова година на 35 матуранти училиштето додели дипломи.

„Денес со задоволство за првпат во нашето училиште на официјален начин на повисоко ниво ќе се доделат дипломи на нашите матуранти вкупно 35 ученика кои ја завршиле учебната година. На идеа на нашите колеги и на нашите ученици одлучивме да го организираме на пофин начин, кој ќе се одржи во нашата концертна сала. Ќе настапат наши професори и ученици. Чест ни е да ја заокружиме оваа учебна година, за нас премногу успешна покрај сите настапи и концерти, натпревари и награди кои ги освоиа. Да веќе задоволни преминеме во летните денови и се гледаме од први септември да добиваме многу успеси од страна на нашите ученици и професори.“ – вели Кавраков

Директорот упатува честитки за успешните години на учениците и и поскаува многу успеси во иднина, дециден дека годинава за училиштето била многу успешна и исполената со успеси од страна на професорите и учениците. А се надева дека од септември со нови сили ќе продолжат да ги освојуваат наградите и да напредуваат уште многу повеќе и професорите и учениците.

Лаура Стојанова, М-Нет