
Професионалниот мотоциклист, штипјанецот Петар Мијалков го освои третото место на трката во Брно, Чешка, на патеката која важи за најтешка на Европско Балканскиот шампионат.
Во тешка конкуренција и на тешка патека Мијалков го освои третото место со подобрување од четири секунди, а оваа патека е долга 5,4 километри по круг.
Мијалов во изјавата за телевизија М Нет рече дека е многу задоволен од освоето третото место, а за штипјанецот ова е прв медал на Европско Балканскиот шампионат.
Конкуренцијата во Брно била доста голема, а поради фактот што се работи за тешка трка, овој успех за штипјанецот е голем.
Мијалков веќе започнува со подготовките за следната трка, која ќе се одржи во Романија.
Мијалков се натпреварува во Европски Балкански шампионат, но и во македонски шампионат, до 1000 кубици со мотор „Кавасаки“.
Александар Ванев, М-Нет