
Второлигашот Осогово од Кочани за новата сезона го претстави првото летно засилување, станува збор за повратникот Иван Николовски.
18-годишникот во Осогово доаѓа од редовите на третолигашот Куманово, каде Николовски со сега веќе неговиот поранешен клуб беше шампион во Трета лига – Север, но тимот беше поразен во баражот за Втора лига.
Николовски и претходно го носеше дресот на второлигашот од Кочани во период од август 2023 до јануари 2024 година. Претходно, настапуваше за Работнички, Куманово Еуроспорт од каде и потекнува.
Осогово минатата сезона имаше турболентна сезона и во последното коло го обезбеди дирекниот опстанокот во Втората лига, откако заврши на 12. место со 30 бодови на своето конто со скор од 8 победи, шест ремија и 16 порази.
Во следниот период Осогово ќе ги претстави новите засилувања.
Александар Ванев, М-Нет