
Второлигашот Беласица за новата сезона го претстави новото засилување, станува збор за Марио Дебрешлиоски кој е роден 2002 година. Новото засилување доаѓа од битолски Пелистер, а ќе биде вистинско освежување во средниот ред.
Филип Муканов е нов член на стручниот штаб на Беласица, кој ќе биде задолжен за целосна припрема на голманите на сениорскит тим.
Муканов до пред изввесен период беше и активен голман, ги бранеше боите на Брера Струмица, но повредата на коленото го одалечи од терени, и со тоа се посветува на тренерската кариера.
Беласица ги договори и пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона. Првиот меч се игра на 13. јули против Кожуф, на 17. јули против Трајал од Србија, на 20. јули против Вардарски, четири дена подоцна против Вардар Неготино.
На 28. јули е закажан тест со Брера, за на 3. август со Победа, на 7. август тест со Слога од Виница, а на 10. август „генералка“ со Детонит Плачковица од Радовиш.
Александар Ванев, М-Нет