
Тешка и макотрпна е работата да се одгледува тутун. Се сее во ладни рамки или жаришта за да се спречи од напад на инсекти, а потоа се пресадува на нивите. Неговото посадување се извршува во мај месец, а неговата берба започнува во Јули, вели дедо Ганија Изет од Потплачковичкото село Аргулица, кое се наоѓа во атарот на Општина Карбинци. Дециден дека во последните години никој не сака да работи со тутун бидејќи е тешко.
“Тутунот се саде во мај месец и се копа, а по копањето во јули месец се бери. По тешко здравје, сега никој не сади. Јас кога садев тутун немаше пари, а сега овие што садат е добро. Сега има по два, три декара дали има тутун, а повеќе нема. Сега го фати и суша, нема доволно дожд и затоа остана на нивата и непосадено, нема вода и само се суши“ – изјави Изет
Годинава вели дека тутунот го фатил суша бидејќи нема доволно дожд.Посочи дека порано било неисплатливо да се одгледуваа оваа земјоделска гранка, а сега е поисплатливо бидејќи неговата цена достигнува до 400 денари, вели Изет.
“Сега за сега е добро, а натаму не знам како ќе биде. Сега е добро, оди околу 300 денара, 400 денара зависи.” – вели Изет
Изет вели дека сега некако добро иде работата, но не е сигурен дека и во иднина ќе продолжи така. Производителите се секоаш задоволни, а прекупците не се задоволни.
„Па ние сме задоволни победните, а прекупците што се, тие никогаш не се задоволни. Сезоната е сега и за житарици, имаме нешто за жетва житарици. Света Троица кога е и од тој празник се жнее, а гледам сега и неколку комбањи жнеат. Јас сум и инвалид и што ќе одгледувам земјоделие, во години сум. Има нешто од земјоделие, ама слабо не можам да го работам, a има некој кој живее од тоа. “ – додава Изет
Инаку, тутунот е едногодишно растение, кое се бере механички или рачно. По бербата, тој се складира за сушење или групирање во големи купови со цевчести отвори, за да се овозможи топлината да излегува од средиштето. Сушењето е бавна оксидација со што му овозможува на тутунот да ги стекне одликите што обично се припишуваат на мазноста на чадот
Лаура Стојанова, М-Нет