Слаб интересот за отварање на приватни бизниси кај младите, децидни штипјани

Се намалува бројот на приватни бизниси. Нема кој да работи, но и не сакаат да ризикуваат. Сите оние кои што сакаат да отвараат бизниси многу често се одлучуваат да отворат во другите земји, надвор од нашата држава, велат штипјани.

„Па поретко отвараат, многу поретко го прават тоа. Па причините за да отворат има некои што одлучуват, а некои пак надвор отвараат и заминуваат. Зависи до плаќањето, многу поретко се тука одвива за разлика во странство.“ – велат штипјани

„Слабо немат интерес, слаб е интересот почесто заминуваат во странство. Се што ќе отворат се е убаво, се на убаво да се гледа. Па ако можат нека отворат.“ – додаваат штипјани

Малите и средни претпријатија претставуваат значаен и витален дел на економијата во една земја. Доколку истите сакаат да останат конкурентни и играат позначајна улога како на внатрешниот така и на меѓународниот пазар тие мора постојано да се надградуваат, растат, го зголемуваат бројот на вработени, го зголемуваат својот опсег на производи и услуги, пазарите, а со тоа остваруваат и поголем профит.

Лаура Стојанова, М-Нет