
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев формираше нов планински спортски клуб „Лисец“ прв од ваков карактер во Штип, идеја која ја имал околу година и пол, а која конечно ја реализира. Во Македонија се ретки ваквите клубови, а новиот клуб од Штип брои повеќе од 30 членови, а веќе клубот ја реализира и првата трка.
На 13. јули ќе се одржи првата трка „Ја сакам Плачковица“ во организација на новиот клуб на Манев.
Манев за М Нет вели дека ова е пократка трка и се смета како полесна и нема да има некои поголеми критериуми за земање на учество на истата.
Интересот за оваа трка е голем, а повеќе од сигурно е дека ќе биде доста посетен овој спортски настан. Манев додава дека интересот за членство во клубот е исто така голем.
Членовите на новиот планински спортски клуб заедно одат на трки во Македонија, а Манев за М Нет истакна дека веќе од следната година очекуваат членовите од неговиот клуб да заминуват на трки и во странство.
Александар Ванев, М-Нет