Детонит Плачковица ги стартуваше подготовките, нови пет засилувања пристигнаа во Радовиш

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Еден по еден второлигашите ги стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона 2024/2025 од Втората македонска фудбалска лига.

Подготовките започнаа на Градскиот стадион во Радовиш, клубот засега останува со подготовки во Радовиш, но не е исклучена можноста за заминување на еднонеделни подготовки.

Како што телевизија М Нет ексклузивно објави во Радовиш се промовирани нови пет засилувања. Во новата сезона дресот на Детонит Плачковица ќе го носат Христијан Поп Антоски, Панче Петров, Кирил Неделков, Лука Георгиев и Андреј Коцевски кои веќе му се ставија на располагање на Варадиноски.

Поп Антоски доаѓа од редовите на прилепска Победа, а 20-годишникот одигра одлична сезона во прилепската фудбалска гордост. 20-годишниот Петров во Радовиш пристигна од прволигашот Силекс од Кратово, а во Радовиш пристигна и младиот Георгиев од редовите на Брера од Струмица, а 20-годишниот фудбалер од Кочани има одличен фудбалски потенцијал пред кого има одлична иднина.

23-годишниот Неделков во Радовиш доаѓа од редовите на второлигашот Вардар од Неготино, а од редовите на Брера Струмица дојде и младиот талент 18-годишниот Коцевски.

Веќе се потврди и пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата за што веќе објавивме. Првиот пријателски меч се игра против Трајал од Србија на 14. јули во Пехчево, Брегалнциа, Вардарски, Гостивар и Беласица, а се бара противник за уште еден натпревар.

Минатата сезона Детонит Плачковица заврши на 3. место и играше бараж за Прва лига, кој го загуби од скопски Вардар со 2:0 во Струмица.

Александар Ванев, М-Нет