Нема нови учебници за седмо, осмо и деветто одделение, ќе се учи од старите учебници

Нови учебници за учениците од седмо, осмо, и деветто одделение од септември годинава ќе нема, иако во јавноста беше соопштено дека учениците ќе добијат учебници кои ќе соодвествуваат на концепцијата. Но, поради моменталната отежната ситуација со учебниците тоа е невозможно изјави министерката за образование Весна Јаневска на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ .

„Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Не само што не се дадени во печат, огормен број од нив не се одобрени некои не се ниту напишани значи не е креиран учебникот. Никој не поминале рецензија. Волшебно стапче да имаме ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение.“ вели Јаневска

Таа посочи дека се во преговори со Бирото за развој на образование со цел да се надмине овој проблем. Бидејќи ниту еден учебник не е даден на печат, одреден дел од нив не поминале рецензија, што значи дека процесот ќе потрае. Па затоа ученните ќе учат од учебниците што се користеле оваа година

„Веќе неколку дена траат преговорите и разговорите со Бирото за развој на образованието за да го надминеме овој проблем. Со идејата дека децата и ова година треба да учат од старите учебници односно учебниците што се користеле оваа година, а ќе се користата следната година.“ посочи Јаневска

Децидна е доколку законското решение не гаранитира поинакви измени тогаш концепцијата ќе се одложи извесен период. Додаде дека наставниците ќе треба да бидат спремни да им ги предаваат темите со тоа што ќе обезбедат одредени наставни материјали од кои децата ќе учат, да им посочат друга литература, или интернет литература.

„Доколку законското решение не дозвлува ништо поинаку ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период за учениците седмо, осмо и деветто да имаат учебници. Притоа мора да знаеме наставниците, тоа го знаат тие мора да се спремни да предаваат и по наставна програма„ изјави Јаневска

За недела-две најави дека ќе соопштат какво решение ќе се изнајде. Смета дека во Македонија ниту учениците, ниту наставниците не се спремни да не учат од учебници, а искуството покажало дека и во земјите од западот, како Шведска, по воведување на дигитализацијата повторно се враќаат и на учебниците.

Лаура Стојанова, М-Нет