
Започна 22. издание на петровденскиот турнир во мал фудбал кој го организира општина Кочани во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани. На овогодишеното издание на турнирот учество ќе земат осум екипи.
Натпреварите ќе се играат во форма пет плус еден, а првопласираниот тим ќе освои парична награда од 60.000 денари, а ќе има и индивидуални награди за најдобар фудбалер и најдобар голман.
На отварање се обрати и градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов кој ги поздрави екипи и посака да преовладува спортскиот дух и да победи најдобриот.
Осумте екипи ќе бидат поделени во две групи со по четири екипи, финалето е закажано за 12. јули (петок).
Александар Ванев, М-Нет