Голем успех за младиот шахист Ефе Ибраимов, завршија поединечните државни првенства за млади

Со одигрување на последните партии во категориите момчиња до 14 и 16 години завршија поединечните државни шаховски првенства за млади.

Во категоријата момчиња до 16 години голем успех и сензација направи Ефе Ибраимов од шаховскиот клуб 7-ми Ноември од Гевгелија откако го освои првото место, додека пак во категоријата до 14 години прв беше Андреј Иванов од шаховскиот клуб Мулти Есенс од Скопје.

Во поединечна конкуренција кај младинците најуспешни се клубовите од школата на шаховскиот клуб Гамбит кои имаат освоено вкупно 19 медали и тоа 9 златни, 4 сребрени и 6 бронзени. Клубовите од школата на шаховскиот клуб Алкалоид имаат освоено 7 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени, додека 7-ми Ноември од Гевгелија има освоено 1 златен медал.

Понатаму во листата на клубови чии поединци освоија медали на ова првенство се и домаќинот на ова првенство ШК Цареви Кули од Струмица со 3 сребрени медали, ШК Куманово со еден сребрен и еден бронзен медал, ШК Шах Шех со еден сребрен медал, ЖШК Прилеп со два бронзени медалу и ШК Неготино со 1 бронзен медал.

Александар Ванев, М-Нет