
Прволигашот Брера Струмица веќе е во тренажен процес за новата сезона во која клубот влегува со високи цели.
21-годишниот голман Филип Купанов и во следната сезона ќе го чува голот на Брера. Тој го продолжи договорот со струмичкиот прволигаш и веќе се наметнува на голманската позиција со одличните голмански вештини.
Купанов во Брера пристигна во 2017 година, а од 2021 година е дел од првиот тим. Истата година една полусезона беше на позајмица во радовишки Детонит, следната година една полусеозна беше во Беласица на позајмица, а во 2023 година е стандарден првотимец во Брера.
Во последната натпреварувачка сезона Купанов четири пати беше чувар на мрежата на Брера и тоа двапати во дуелот со Шкендија, Гостивар и Македонија ЃП.
Живко Крстев и Марио Костов кои се членови на младинскиот тим на Брера, потпишаа договори за настап и во иднина во дресот на Брера. Двајцата фудбалери имаат 19 години, кои настапуваа во младинската Суперлига, а со своите перформански, талентот им се отвара вратата за првиот тим, а Брера која им дава можност на младите ги договори и за во иднина.
Крстев во младинскиот шампионот изминатат сезоза постигна 30 гола, а одлична сезона имаше и Костов.
Клубот се раздели со 25-годишниот струмичанец Горан Тимовски, кој остави голем белег во струмичкиот прволигаш. Томовски сега е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Томовски во седумте сезони за првиот тим реализра 113 настапи, при што постигна три погодоци. Во последната сезона имаше 13 настаппи.
Во новата сезона Брера Струмица ќе атакува на првите четири позиции и со тоа да обезбеди и виза за излез во фудбалска Европа.
Александар Ванев, М-Нет