
Младинскиот македонски репрезентативец Марио Илиевски потпиша за ЦСКА Софија, а во бугарскиот тим пристигна од редовите на Кишварда.
22-годишникот пред да замине во тимот на Кишварда го носеше дресот на бугарски Септември Софија, а претходно беше дел од Тиквеш и Вардар Неготино, а ги помина младинските категории на скопски Вардар.
Ова сезона Илиевски за унгарскиот клуб одигра 35 натпревари, 31 натпревар во првенството и четири во Купот, при што постигна четири погодоци, а имаше две асистенции.
Враќањето во бугарскиот шампион ќе биде позната средина за Илиевски, каде одигра 68 меча на кои постигна 29 гола и имаше 15 асистенции.
Илиевски од оваа година нема да има повеќе право да игра за младинската селекција, а за истата одигра 30 натпревари и постигна шест гола.
Александар Ванев, М-Нет