Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски на голот на Борац од Бања Лука

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски е нов чувар на мрежата на Борац од Бања Лука, откако го раскина договорот со ерменски Арарат и со тоа кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина.

Во својата кариера покрај за Арарат од Ерманија, 29-годишникот има настапувано за Докса од Кипар, Ропс и Лахти од Финска, Гент во Белгија, а пак на домашната сцена беше дел од Работнички.

„Доаѓам во тим кој минатата сезона ја освои титулата во Босна и Херцеговина и знам дека целта е да го одбраниме трофејот. Им благодарам на управата на клубот за укажаната доверба, а мое е со моите одбрани да придонесам за остварување на тие цели“, рече Шишковски по неговата промоција во новиот клуб.

Шишковски потекнува од школата на Работнички од каде ја започна својата кариера.

Александар Ванев, М-Нет