
Жителите од улицата „Киро Кикенски“ постојано се соочуваат со сериозен проблем. Проблемот е уште од далечната 1991 година, по секое невреме тие по два три часа чистат и ја исфрлаат водата која се враќа од канализацијата, но и од долот и постојано ги поплавува. Јане Јанков кој живее на оваа улица сведочи дека и по вчерашното невреме сликата е иста – поплавени улици и работа за сите.
„Од 1991 година сум жител во ова куќа и се соочуваме со истите проблеми како и ова вечер. Малку поголемо неврме со поголем дожд, враќат канализацијта, се враќа се водата цела од долот и не поплавува нас и комшиите. Ете овде сме веќе два часа имаме електричи пумпи затоа што немаме струја.“ – вели Јанков.
Децидни дека од кога се поставија кружните текови состојбата се влоши со тоа што целиот налив на вода нема каде да истекува и ги поплавува куќи кои се наоѓаат во близина.
„Уште повеќе се влоши состојбата кога се направија кружните текови, целиот налив на вода доваѓа наваму и ни влегува пак вода. Еве сега два пати или три пати пожарната доаѓа на терен и не спасува. Таа вечер дојдоа и они, но водата веќе беше повлечела..“ – вели Јанков.
Граѓаните велат дека со години наназад бараат помош и решение за овој проблем од градоначалниците на Кочани затоа што тие не знаат што да направат и како да се справат со проблемот кој трае со години, но никаква помош нити пак решение гледаат од надлежните институции.
„Ги молевме сите градоначалници од 1991 година за помош и решение, нема никакво решение, немаме никаква помош. Ние и понатаму не знаеме што да правиме и до кого да се обратиме, нема до кого да се обратиме за да можат на некој начин да ни помогнат. Не е толку тешно, ниту пак скапо еве се нудиме и ние ќе помогнеме било што само да најдеме решение за на таа вода да и се најде крај и да се одведе или во фекалната канализација или во одводната вода да го решеме проблемот.“ – додава Јанков.
Јанков оваа прилика ја користи јавно да побара помош и решение. Затоа што вели дека не е толку тешко, а ниту пак скапо. Додава дека граѓаните кои се соочуваат со овој проблем ќе се вклучат и ќе помогнат на било кој начин за да се најде решение и на водата да и се најде крај да се одведе во фекалната канализација.
Лаура Стојанова М-Нет