
Од утре, четврток со почеток од 20:30 часот стартува новиот спортски магазин Трибина на телевизија М Нет.
Во првата емисија на Трибина гостуваше младата кошаркарка и репрезентативка Ива Дојчинова, која на неполни 18 години направи меѓународен трансфер во Хрватска за екипата на Задар Плус.
Дојчинова во Трибина зборуваше за нејзините почетоци и како таа започнала со кошарката во машки екипи, бидејќи во 2014 година нема женска екипа во Штип, а вели дека одлично била прифатена.
Зборувавме и за нејзините почетоци во репрезентацијата и нејзиното трето учество на Европско првенство.
Дојчинова зборуваше и за планови и амбициите на новиот клуб од Хрватска.
Гледајте го гостувањето на Ива Дојчинова во Трибина, штипјанката која направи меѓународен трансфер во Хрватска и која успешно ги брани боите на репрезентацијата на Македонија, утре во 20:30 часот на телевизија М Нет.
Александар Ванев, М-Нет