
По турболентниот период во Воска Спорт конечно позитивни вести и стабилизација. Охридскиот прволигаш утре ќе ги започне подготовките за новата сезона под водство на новиот тренер Сеит Крера, кој досега беше помошник на Срѓан Захариевски, кој си замина од клубот, за што веќе телевизија М Нет објави.
Во новата сезона клубот ќе има комплетно нов изглед како во стручниот штаб така и во ростерот.
„Овие подготовки ги започнуваме со многу промени во ростерот на играчи и стручниот штаб, каде во новата сезона тимот ќе го предводи Сеит Крека, кој досега беше помошник на шефот на стручниот штаб, Срѓан Захариевски. Покрај промената на клупата, тимот има промени и кај играчите, каде ќе имаме комплетно нов изглед во новата натпреварувачка сезона. Воедно, сакаме да им се заблагодариме на сите фудбалери, тренери и останатиот персонал на тимот кои служеа и придонесоа за Воска во изминатиот период, посакувајќи им успех во иднина“, посочија од клубот.
Воска веќе работи на ангажман на нови засилувања, а како што веќе објави телевизија М Нет, прво засилување во редовите на охридскиот прволигаш ќе биде Дестан Адили кој доаѓа од прилепска Победа.
Александар Ванев, М-Нет