
Кратовскиот прволигаш Силекс денес ги започнува подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб на Силекс, Александар Васоски вели дека за време на подготовките ќе останат во Кратово, но не е исклучена можност и за заминување во Охрид. Првиот контролен натпревар ќе биде против второлигашот Кожуф од Гевгелија.
„99% за време на подготовките ќе останеме во Кратово, можно е да одиме до Охрид. Се ќе зависи од временските услови. Комплетираме играчки кадар, пријателските натпревари ги договараме, стартот ќе ни биде со Кожуф, а за понатаму ќе ги добиеме имињата наскоро, штом ги договориме“, рече Васоски.
Силекс досега се засили со повратникот Дарко Додев, како и со Илија Донов од штипска Брегалница, за што веќе објави телевизија М Нет.
Минатата сезона Силекс заврши на 5. место на табелата со 42 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет