
Асфалтирана пристапната улица која води до метереолошката станица во местото викано Каленица во Штип. По долги години асфалт и уредување доби и оваа улица во Долна Железничка со што се работи на решавање на проблемите на граѓаните.
Улицата е во должина од 250 метри, а инвестицијата е вредна еден милион и сто илјади денари пари издвоени од Буџетот на Општина Штип.
„Опфатени се делови од Долна Железничка, од Каленица кои претходно беа амортизирани улици со потреба за реконструкција. Се јави потребата за асфалтирање оти претходно се работеше на подземната инфраструктура и поставување на фекална канализација и во Долна и во Горна Железничка.“ – вели Јорданов.
По завршување на улиците ќе следуваат и низа други активности во Горна и Долна Железничка, најави Јорданов. Посочи дека на ваков начин ќе се олесни секојдневното функционирање за жителите во овој дел од градот.

„По завршување на асфалтирањето секако дека ќе се работи на осветлување на дел од Долна Железничка и со тоа се надевам дека значително ќе се подобри начинот на секојдневното функционирање и живеење во 21 век. Повеќе од три милиони денари ќе бидат одвоени за асфалтирањето на овие неколку краци и со тоа ќе се завршат активностите во Горна и Долна Железничка“ – додава Јорданов.
Претходниот период пак се работеше и на реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел од градот, со што дваесетина домаќинства и десетина индустриски објкети се поврзуваат со фекалната канализација.
Лаура Стојанова М-Нет