
Денеска Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип беше домаќин на петтата активност во рамките на проектот насловен како „Дигитални наставници училници без граници“. На состанокот главната цел беше да се прикаже вештачката интелигенција во функција на интегранција на образовниот процес, како и нејзините предности и недостатоци. Денешниот проект е составен од неколку европски институции од Естонија, Турција, Португалија, Труција и Грција
„Зошто преку проектот и работата на нашите европски партнери веќе гледаме дека успехот зависи пред се од неговото височество- наставникот. Нашите наставници мораме да ги оспособиме да бидат наставници на 21 век, универзитетските наставници треба почесто да го бараме своето место во соработката директно со наставниците. “ вели Атанасова Пачемска
Тајната на успехот докажува дека Естонија како држава е најдобрата европска земја на ПИСА тестирањата по математика и природни науки
„Исто така важно е да се забележи дека естонските ученици се чувствуваат безбедно во нивните училишта им веруваат на нивните наставници и работат заедно во безбедна и здрава училишна средина, што исто така се одразува на добрите резултати.“ посочи Каја
И Португалија се издвојува како држава која има формиран успешен образовен систем, кај нив задолжителното образование е во времетрање од 12 години
„Задолжителното образование им е 12 години, осум од нивните училишта реализираат образование до девет години. Значи тоа е основното и оној премин предмет на настава кон средното образование.“ изјави Александар
Грчката директорка на истражувачката организација „Парагон-теч“ Ненси Пирини има изработено мобилна апликација се со цел да го поедностави процесот на користењето на дигиталните алатки помеѓу учениците и наставниците
„Госпоѓа Пирини беше задолжена за изработка на една мобилна апликација која што во рамките на името дигитални наставници ќе ги направи и наставниците и учениците повеќето во користењето на дигиталните алатки „ вели Пирини
Потребата на наставниците и употребата од дигиталните вештини се всушност главната причина зошто тие се дел од овој проект
„Потребите на наставниците за зајакнување на дигиталните вештини е во суштина и причината зошто тие се дел од овој проект на дигитални наставници.“
Целта на проектот е да се нагласи професионалниот развој на наставниците како и тоа да се помогне во развојот на платформата за Е-учење и интеграција на нови дигитални содржини во таа платформа
Лаура Стојанова, М-Нет