Варадиновски: На 3. јули стартуваме со подготовки, договорени се контролки, костурот е сочуван!

Екипата на Детонит Плачковица која е предводена од штипскиот стратег Иван Варадиновски имаше историска сезона, која за влакно не беше крунисана со влезот во Првата лига, откако радовишани загубија во баражот од скопски Вардар со 2:0.

Фокусот сега е на новата сезона, подготовките и формирањето на тимот. Во изјава за телевизија М Нет, стратегот Варадиновски откри дека стартот на подготовките е закажан за 3. јули, вели дека разговарано е со сите играчи и сите потврдиле дека остануваат, освен играчите за кои клубот нема да смета на нив во иднина. Две засилувања пристигнаа веќе во Радовиш за што објави телевизија М Нет, а можни се уште неколку засилувања, но Варадиновски вели нема да се брза.

ИЗЈАВА ТЕЛЕФОНСКА Иван Варадиновски, тренер на ФК Детонит Плачковица 00:00 (разговаравме) до 00:41 (трети јули)

Варадиновски за М Нет ги откри и противниците за пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона, а околу амбиции вели дека ќе одат натпревар по натпревар.

Новата сезона од Втората лига треба да започне во вториот викенд од месец август, а нови членови на Втората лига се Вардарски од Богданци и повратникот Борец од Велес.

Александар Ванев, М-Нет