
Со свеченост денеска се одбележа 34 годишното постоење на ВМРО ДПМНЕ. Мандатарот, Христијан Мицкоски во својот говор го честита 34 роденден на партијата, посочувајќи дека продолжуваат да работат одговорно и во согласност со потребите на народот.
Инаку, веќе се познати и имињата на кандидатите за нови министри во идната влада.
Па така, Панче Тошковски е предложен за министер за внатрешни работи, Александар Николоски вицепремиер и министер за транспорт и врски, а министер за одбрана Владо Мисајловски. Гордана Димитриеска-Кочоска е предлогот за министерството за финансии, Тимчо Муцунски е предлог за министер за надворешни работи и надворешна трговија, Златко Перински за локална самоуправа, Стефан Андоновски за информатичко општество и администрација, додека Борко Ристовски е предлогот за новото Министерство за спорт. Сања Божиновска е предлог министерка за енергетика, предлог за прв човек во земјоделие е Љупчо Трипуновски. Актерот Зоран Љутков е предлог министер за култура и туризам, а министерка за образование и наука Весна Јаневска.
Денеска треба да се официјализираат имињата на кандидатите за министри од коалиционите партнери ЗНАМ и Вреди.
Мицкоси најави дека новиот владин состав ќе го достави на 18 јуни во Собранието, а очекува владата да биде избрана на 22-23 јуни.
Лаура Стојанова М-Нет