
Поранешниот селектор на македонската репрезентација Никола Илиевски – Џиџи е нов тренер на второлигашот Охрид. Откако клубот реши да се раздели со Александар Толески, на негово место го назначи Илиевски за нов тренер.
Искусниот стратег во својата богата кариера ги има водено македонските клубови Беласица, Љуботен, Скопје, Победа од Прилеп, Металург, Ренова и Вардар, ги има водено и екипите на словенечкиот Цеље, романската Валчеа, албанската Билиш и индонезиската Персијап.
Популарниот Џиџи во два наврати беше селектор на македонската репрезентација, а истотака ја предводеше и репрезентацијата на Бангладеш.
Сега Охрид се насочува кон креирање на буџетот и формирање на ростерот за новата сезона. Назначувањето на Илиевски за тренер може да значи дека Охрид во новата сезона ќе атакува на висок пласман односно враќање во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет