
Левото крило Дарио Кофилоски се раздели со Алкалоид и кариерата ја продолжува во нова средина. Како што дознава телевизија М Нет Кофилоски ќе го засили тимот на Тиквеш од Кавадарци кој гради тим за борба за висок пласман и Европа.
24-годишникот се очекува во следните денови да биде промовиран како нов играч во дресот на кавадаречкиот суперлигаш.
Кофилоски со неговиот сега веќе поранешен клуб Алкалоид го освои Купот на Македонија, што беше прв трофеј за Алкалоид, додека пак во првенството екипата предводена од Кирил Лазаров заврши на третото место.
Со Кофилоски од Алкалоид си замина и голманот Никола Василевски, кој кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Тиквеш минатата сезона заврши на петтото место во ракометната Суперлига.
Александар Ванев, М-Нет