Михајло Петровски си поднесе оставка од позицијата тренер на Еурофарм Пелистер 2

ФОТО: Телевизија М Нет

По поразот во баражот од Радовиш, екипатана Еурофарм Пелистер 2 покрај тоа што испадна од Суперлигата во Првата лига, остана и без тренер.

Михајло Петровски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер 2, а управата веднаш ја прифати истата.

Од клубот му посакаа многу успех на Михајло во иднина.

Еурофарм Пелистер 2 во баражот кој се одигра во салата во Автокоманда загуби од Радовиш, со што младите пелистерци следната сезона ќе играат во Првата ракометна лига, додека пак Радовиш по овој голем триумф со гол од слободен удар во финишот на мечот за конечни 26:27 за што веќе објави телевизија М Нет по една година се вратија во ракометната елита на Македонија и следната сезона ќе настапуваат во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет