Тиквеш закажа пет контролки: Шкендија, Струга, Гостивар, Балкани и Љапи

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци веќе неколку дена е во тренажен процес, а веќе се договорени и пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона, пред се за историскиот настап во Европа.

Кавадарчани го освоија Купот на Македонија, а тоа значи дека Тиквеш ќе игра во квалификациите во Лигата на конференции.

Екипата веќе промовираше четири засилувања за што објави телевизија М Нет, односно Маневски, Ѓорѓиев, Манасиевски и голманот Тасев.

Првиот тест ќе следува на 15. јуни против Шкендија, на 20. јуни против шампионот Струга Трим Лум, потоа следува тест со Балкани од Косово на 22. јуни, на 27. јуни тест со Љапи, а на 4. јули против Гостивар.

Тиквеш има квалитетни противници за овие тестови со цел да се подготви максимално за одлично претставување во Европа.

Александар Ванев, М-Нет