Сензација во мак-фудбалот: Португалската ѕвезда Луис Нани пред трансфер во Гостивар, доаѓа и Валбуена!?

Во најава да се случи голем мега трансфер во историјата на македонскиот фудбал, португалската ѕвезда Луис Нани е пред потпис со македонскиот прволигаш Гостивар.

Раководството на Гостивар е во финални преговори за ангажирање на познатиот португалски фудбалер Нани, а со тоа во Првата македонска фудбалска лига да заигра фудбале кој го носел дресот на Манчестер Јунајтед, Спортинг, Лацио, Фенербахче, Валенсија, Орландо, Венеција, Мелбурн и турска Адана.

37-годишниот искусен фудбалер во својата кариера ја има освоено Лигата на шампионите, Лига Европа, Светско клупско првенство на ФИФА, англиската Премиер лига, како и фудбалскиот лига Куп на Англија.

Покрај Нани во Гостивар ќе пристигне и Матју Валбуена, 39-годишникот последната сезона ја мина во дресот на Аполон од Лимасол од Кипар. Фудбалер со огромно искуство, кои ги има освоено првенството во Франција, Купот на Франција, шампионатот на Грција, Купот на Грција како и Супер Купот на Франција.

Гостивар сериозно се засилува, вложува сериозни финансии, па тоа ќе значи дека во следната сезона со ваков тим ќе се наметне за главен фаворит за освојување на Првата македонска фудбалска лига и Купот на Македонија, а со тоа и да обезбеди излез во Европа.

Останува во следниот период да видиме како ќе финишираат преговорите, дали и кога Нани и Валбуена ќе стават потпис на договори со Гостивар.

Александар Ванев, М-Нет