
„Повозрсните македонски граѓани знаат да облечат традицонална облека и да пеат заедно со нас“ – Влатко Ристовски од Македонска Каменица вели дека настапите по пазарите во Истокот се со цел да се забавува народот. Денеска беа на новоотворениот пазар во Штип. Со македонска музика се обидуваат да се врати традиционалното и да се зачува истото.
„Идејата ни е да ја разбудиме македонската музика, да го веселиме стариот народ. Обично одиме по пазарите во источниот дел на Македонија, во Каменица, Берово, Виница, Кочани, ете сега сме во Штип за новоотворањето на пазарот убави луѓе, убав ден. Публиката ногу се радуваат луѓето, постариот свет дури играат покрај нас, пеат заедно со нас, дури си носат свои инструменти, облекуват се традиционално веќе се враќаме кон тој дел“ вели Ристовски
Влатко на пазарот беше заедно со неговата колешка Лимпи која е и вокал. Таа музицирала неколку месеци додека ги научила етно песните со кои се претставуваат, потенцирајки дека и се допаѓа Македонија.
“Среќни сме што сме овде во Штип, конечно да свириме и пееме за вас. Претпоставувам дека започнавме да настапуваме по пазари од минатата есен.“ вели Лимпи
Македонецот Влатко и финкинката Лимпи своите настапи по пазарите насекаде во светот ги започнале минатата есен. Водач на групата е Влатко Ристовски, изведувач на инструментот ,,ќемане” од Македонска Каменица. Моментално македонската етно музика ја промовираат на пазарот во Кочани, Македонска Каменица и во Делчево, а планот им е да направат турнеја низ цела Македонија.
Лаура Стојанова, М-Нет