ЈП „Стипион“ воведува нов летен линиски превоз по завршувањето на учебната година

Нов летен режим за граѓаните кои го користат градскиот превоз на ЈП„Стипон“. Со завршувањето на учебната година ќе се случат промени во линискиот превоз каде ќе биде суспендирано времето, а линискиот превоз до Стар Караорман, приградските населби Чардаклија, Македонка и населбата Балканска, линијата до село Радање и бања Кежовица ќе функционира редовно.

„Со завршувањето на учебната година започнува да фукционира новио летен режим на општинскиот линиски превоз. Ова значи дека ке фунционира линиите до стар Караорман, приградските линии до Чардаклија, Балканска, Макеоднка, ќе функционира линијата до село Радање и редовно ќе функционира линијата до бањата Кежовица. На сите други ќе биде суспендирано времето до почетокот на учебната година.“ – изјави Стефановски

Граѓаните доколку сакаат да дознаат информации во врска со превозот можат да се обратат на социјалните мрежи или пак на огласните табли кои се поставени.

„Сите потребни информации за граѓаните околу линиите и термините се објавени на нашите социјални мрежи како и на огласните табли низ градот.“ – додава Стефановски

Линиите кои се суспендирани за време на летниот период со почетокот на новата учебна година во септември ќе започнат поврторно да функционираат.

Лаура Стојанова, М-Нет