
Старо-новиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Лум ги започна подготовките за новата сезона, меѓутоа и најважното за квалификациите во Лигата на шампионите.
Нов шеф на стручниот штаб е искусниот стратег Ќатип Османи, кој веќе ја имаше првата прозивка со неговиот нов тим. Османи тргнува во мисија да ги повтори успесите како со Ренова и Шкендија и со трет тим да дојде до шампионска титула во фудбалската елита на Македонија.
Струга успеа да ги задржи најдобрите односно Бесарт Ибраими и Буњамин Шабани, а веќе во финални преговори е трансферот на Арби Воша, кој треба да пристигне од Шкупи.
Ждрепката за првото квалификациско коло на Лигата на шампионите ќе се одржи на 18 јуни. Првите натпревари се играат на 9. или 10. јули, додека пак реваншите односно вториот натпревар предвиден за 16. или 17. јули.
Струга Трим Лум втора година по ред е шампион во домашното првенство.
Александар Ванев, М-Нет