
Уште еден голем успех за штипјанецот Марко Џорлев кој на Балканското карате првенство освои златен медал.
Балканското карате првенство за деца се одржа во Истанбул, Турција во период од 31. мај до 2. јуни, Џорлев за телевизија М Нет вели дека конкуренцијата била доста голема.
Младиот каратист за телевизија М Нет го раскажа неговиот пат до златото во Турција.
Џорлев вели дека на Балканското карате првенство настапувал за цела Македонија, а тој го освои единственото злато за Македонија од 112 каратисти.
По поразот на претходното Балканско првенство, Џорлев цела година се подготвува и оваа година го освојува златниот медал.
Џорлев трипати го освојува Државното првенство на Македонија, а златото на Балканското првенство е негов најголем успех.
Најважните првенства за оваа година завршија, тоа беа Државното и Балканското првенство, сега ќе следува пауза, а потоа подготовки и за силни Меѓународни и домашни турнири на кои учество ќе земе младиот каратист Марко Џорлев.
Александар Ванев, М-Нет