Виктор Андонов и Стојанче Јовановски ќе го судат баражот меѓу Радовиш и Еурофарм Пелистер

ФОТО: Телевизија М Нет

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за бараж натпреварот меѓу Радовиш и Еурофарм Пелистер 2.

Овој бараж меч ќе го даде последниот тим кој следната сезона ќе настапува во ракометната елита на Македонија. Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се бори да го сочува суперлигашкиот статут, а пак Радовиш да се врати во Суперлигата по една година во Првата лига.

Виктор Андонов и Стојанче Јовановски ќе бидат судиската двојка која ќе ја дели правдата на баражот, а пак делегати ќе бидат Камер Металари и Бобан Мајнов.

Баражот меѓу Радовиш и Еурофарм Пелистер 2 ќе се игра во салата во Автокоманда во Скопје, во недела од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет