Силекс и Панче Петров се разделија, крилниот играч продолжува во нова средина!

Младиот талентиран играч Панче Петров и кратовскиот прволигаш Силекс се разделија на една година пред истекот на договорот.

Двете страни спогодбено се разделуваат, а Петров кариера ќе ја продолжи во нова средина.

Во екипата на Силекс, Петров дојде од струмичка Беласица, откако претходно од 2014 до 2022 година ги помина младинските категории на Брера Струмица.

Оваа сезона во дресот на Силекс запиша шест натпревари поминувајќи 128 минути на фудбалските терени.

Петров кој игра на позицијата десно крило е примамлив играч, па веќе пристигнаат понудите на негова адреса.

Александар Ванев, М-Нет