
Се скнеира баркодот на фискалните сметки и на тој начин се оставрува правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ. Ова како пракса граѓаните го практикуваат изминатите неколку години и на секои три месеци имаат можност максимално да остварат поврат од 2100 денари. Граѓаните во Штип на терен велат дека скенираат сметки.
Анкетораните додаваат дека иако се малку пари истите се плус нешто за граѓаните барем да се покрие еден минимален трошок. Но, децидни дека треба многу да скенираат и да пазаруваат за да исполнат.
„Да се скенира фискални сметки е во ред но, приходот е многу мал. Сепак ние повозрсните скенираме сметки и ги даваме на нашите помлади за да можат да искараат пари барем за едно кафе. Еве сега повеќето скенираме фискални, а треба многу да купуваме и да пазаруваме со цел да го исполниме приходот.“ – изјавиа штипјани
Анкетираните штипјани за М-Нет телевизија велат дека повозрасните граѓани сообираат фискални и ги даваат на младите. Но, и младите сега скенираат за да си имаат барем за некое изглегување. Сметките треба да се скенираат најдоцна 10 дена по издавањето. Инаку повратот се врши автоматски секое тримесечје на пријавената трансакциска сметка на апликацијата МојДДВ. Не постои ограничување на бројот на фискални сметки што можат да се скенираат на дневна основа.
Лаура Стојанова, М-Нет