Штипски Текстилец заврши на 5. место во плеј-аутот на Првата ракометна лига

Екипата на штипски Текстилец сезоната во плеј-аутот од Првата ракометна лига ја заврши на 5. место со 21 бод на своето место.

Во регуларниот дел екипата на Текстилец од Штип заврши на шестото место во Првата лига – група А и со тоа не обезбеди место во плеј-офот, а со тоа да разигрува и за влез во Суперлигата. На 14 одиграни натпревари Текстилец забележа пет победи и двет порази, со постигнат 404 погодоци и проимени 416 погодоци, доволно за штипскиот ракометен клуб да игра во плеј-аутот.

Од групата А каде што настапуваше Текстилец место во плеј-офот обезбедија Младост, Драчево, Јехона и Шампион, додека пак Астраион, Текстилец, Преспа Вардар и Борец завршија во плеј-аутот на Првата лига.

Во плеј-аутот кој е сегмент само за престиж со оглед на тоа дека нема испаѓање од Првата лига, ниту пак има можност за прогрес, Текстилец сезоната ја заврши на 5. место од седум екипи со 21 освоен бод, а беа забележани шест победи, едно реми и пет порази, но овој пат со позитивна гол разлика.

Штипски ракометари постигнаа 376 погодоци, а примија 354 гола или тоа е позитивен биланс од плус 22.

Прв во плеј-аутот беше Овче Поле од Свети Николе со 29 бодови, на второто место заврши Партизан од Гевгелија со 23 бодови, Кичево е трет со 22 бодови, колку што има и Астраион кој е на 4. место. Место подолу односно на петтото место заврши Текстилец со 21 бод, Преспа Вардар заврши на шестото место со 17 бодови, а на дното Борец со само еден бод.

Поради драстичното крањето на Суперлигата и испаѓањето на пет екипи, доколку сите 15 прволигаши и следната сезона пријават учество, тоа значи дека следната сезона во Првата лига ќе има 20 екипи, плус сите новопријавени екипи, што значи дека сè уште е рано да се дефинира точни број на екипи кои ќе настапат во Првата ракометна лига, но сигурно е дека штипски Текстилец следната сезона ќе се бори за повисок пласман, односно обезбедување на место во плеј-офот.

Александар Ванев, М-Нет