
После успешната сезона на младинската школа на Брера Струмица, младите фудбалери земаат учество на силни меѓународни турнири. Младинците на Брера Струмица односно У-19 тимот моментално учествува на силниот меѓународен турнир „Куп на Пријателство“ во Златибор, Србија.
На турнирот учество земаат силни екипи како Партизан, Црвена Ѕвезда, Војводина, Железничар, Сарајево и многу други екипи.
Веќе на првиот натпревар Брера Струмица на „Куп на Пријателството“ забележа голем триумф од 1:2 над белградски Партизан.
„После успешната сезона нашата младинска школа продолжува со активности каде што во следниот период ќе учествуваме на силни меѓународни турнири. Во моментот земаме учество на „Куп на Пријателство“ со У-19 тимот, каде учество ќе земат силни екипи како Партизан, Црвена Ѕвезда, Војводина, Железничар, Сарајево и многу други екипи. Со у-16 тимот со кој ја освоивме дуплата круна во Макеоднија ќе учествуваме на силниот турнир „Играј фудбал, живи живот“ во Сарајево, Босна и Херцеговина. Ова е доказ дека нашиот тим вложува во младите категории и дека само со вакви силни турнири и натпревари можеме да дојдеме до нашата зацртана цел, а тоа е да вадиме деца од нашата младинска школа за сениорскиот тим“, рече координаторот Борче Постолов за телевизија М Нет.
Младите фудбалерите на Брера Струмица имаат повеќе од успешна сезона, а сега се фокусираат на силни меѓународни турнири.
Александар Ванев, М-Нет