Два сребрени и еден бронзен медал за штипскиот кик бокс клуб „Гладијатор Фајт“

Штипскиот Кик Бокс Клуб „Гладијатор Фајт“ успешно го заврши Балканското првенство во Бар, Црна Гора со освоени три медали.

Марио Алексов во категорија до 57 килограми го освои бронзениот медал, Андреј Алексов во категорија до 52 килограми стигна до второто место и го освои сребрениот медал, а пак Јован Јанковски го освои сребрениот медал во категорија до 47 килограми.

На Балканското првенство учество земаа над 200 натпреварувачи од Црна Гора како земја домаќин, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Бугарија, Македонија, Србија и Турција.

Тренерот Шенол Асанов пред заминувањето за Црна Гора, за телевизија М Нет истакна дека очекува одлични резултати од неговиот тим, а тоа беше потврдено со два сребрени и еден бронзен медал.

Александар Ванев, М-Нет