
Пополнувањето на Третата македонска фудаблска лига – Север ќе биде преку бараж натпревари. Од четири екипи, само три ќе успеат да си обезбедат место во Третата лига – Север за следната сезона.
Денес ждрепката посака во првиот меч да се соочат Пчиња и Студеничани, натпревар кој се игра на стадинот во Кадино во четврток од 16:30 часот, додека пак Њу Старс ќе се соочи со Ржаничино, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, во ист термин.
Поразените екипи од четвртокот ќе се соочат во недела на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Тоа значи дека победниците во четврток ќе бидат нови третолигаши, а од поразените екипи во недела ќе се одигра меѓусебен дуел, па победникот ќе дојде до место во Трета лига – Север.
Александар Ванев, М-Нет