Започнаа подготовките за уредување на градскиот пазар во Штип и просторот околу него

Започнаа подготовките на реконструкција и асфалтирање на улицата кај штипскиот пазар. Градоначакникот на Општина Штип, Иван Јорданов, освен реконструкцијата на улицата, најави отварање на полузатворениот дел на самиот пазар и поставување на тезги за продавачите. Покрај обновувањето на самиот пазар, ќе се врши и проширување на паркинг местата, со што ќе се олесни сообраќајната култура кај купувачите.

„Деновиве ќе се работи на припрема за асфалтирање и асфалтирање на пристапна улица покрај градскиот пазар на површина за паркирање и покрај градскиот пазар, но и во рамки на постоечкиот градски пазат за овозможување на паркинг места за сите потрошувачи и продавачи кој ке го користат градскиот пазар имајки во предвид дека во овој момент се вршат последните подготовки за она што го највавивме во изминатиот период,а тоа е отварање на полузатворениот дел од градскиот пазар. Очекувам деновиве да пристигнат околу стотина нови тезги, кој што ке бидат поставени на новиот полузатворен дел на градскиот пазар.Со асфалтирањето на овааповршина на пристапната улица на новиот простор ке се овозможи и полесен пристап, полесно функционирање и повеке паркинг површини.“- вели Јорданов.

Граѓаните задоволни од новиот проект. Очекуваат реализирање на истиот со цел подобри услови за животот како за младите, така и за пензионерите во градот.

„ Не е важно која партија си дали вмро дали ездеес, дали кој друга. Важно е дека градоначалникот работи ,работи и ја му пожелувам се најубаво, дека е добро ова што праве, ако продолже вака да работе добро“ – велат граѓаните.

Врз основа на активностите во Штип, овој проект е само дел од низата активности на општината, со што градот не само што ке добие сообраќајна култура, туку ке се подобри и инфраструктурата.

Лаура Стојанова М-Нет