46-годишен бугарски државјанин починал попладнево во Штип

фото: архива

46-годишен бугарски државјанин починал попладнево во Штип. Според првичните информации, починатиот бил возач на камион и му се слошило во близина на бензинската пумпа кај село Крупиште. Лицето било донесено во Клиничка болница Штип за укажување на помош. Причината за смртта се уште не е позната, а телото е предадено на обдукција. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.